Со „Визер" и од Скопје до Гетеборг

Bez autora
Mar 27 2013

„Визер", најголемата нискотарифна авиокомпанија во централна и источна Европа денеска најави дека поради големата побарувачка за нискотарифни летови од скопскиот аеродром, од 31 мај ќе се отвори уште една линија, кон Гетеборг. Покрај популарните Малме и Стокхолм во Шведска, „Визер" од сега ќе лета и Скопје-Гетеборг. Со оваа најнова дестинација,„Визер" очекува во текот на 2013 година да пренесе 350.000 патници преку аеродромот „Александар Велики" во Скопје, што претставува пораст од 300 отсто во споредба со 2012 година. Гетеборг, сместен на западниот брег на Шведска, е светски познат по квалитетната морска храна, туристичкото морско сафари и можностите за спортски риболов. Од неодамна, Гетеборг е и многу популарно место за љубителите на кајакарството. Почетната цена на авиобилетите е 1.690 денари - за билет во еден правец со вклучена такса за резервација, а заинтересираните патници веќе можат да резервираат билети за оваа дестинација.

Со „Визер" и од Скопје до Гетеборг„Визер", најголемата нискотарифна авиокомпанија во централна и источна Европа денеска најави дека поради големата побарувачка за нискотарифни летови од скопскиот аеродром, од 31 мај ќе се отвори уште една линија, кон Гетеборг.

Покрај популарните Малме и Стокхолм во Шведска, „Визер" од сега ќе лета и Скопје-Гетеборг. Со оваа најнова дестинација,„Визер" очекува во текот на 2013 година да пренесе 350.000 патници преку аеродромот „Александар Велики" во Скопје, што претставува пораст од 300 отсто во споредба со 2012 година.

Гетеборг, сместен на западниот брег на Шведска, е светски познат по квалитетната морска храна, туристичкото морско сафари и можностите за спортски риболов. Од неодамна, Гетеборг е и многу популарно место за љубителите на кајакарството. Почетната цена на авиобилетите е 1.690 денари - за билет во еден правец со вклучена такса за резервација, а заинтересираните патници веќе можат да резервираат билети за оваа дестинација.

„Денешната најава преставува уште една добра вест за локалниот туризам и за жителите на Скопје. Скандинавските земји стануваат се поинтересни за туризам ширум Европа и јас лично очекувам дека и Македонија ќе стане многу популарна за нашите шведски клиенти кои ќе имаат можност да го запознаат Скопје благодарение на евтините авиобилети на Визер. Истовремено, нашиот список од 10 дестинации од скопскиот аеродром им дава на македонските клиенти досега невиден избор. Никогаш од Скопје не можело да се лета до толку дестинации со нискотарифни билети. Со нашата љубезна услуга, чест ни е што ние во Визер ќе можеме да понудиме многу повеќе на патниците од Македонија", рече во среда извршниот потпретседател на„Визер", Џон Стивенсон, кој е во посета на Скопје.

„Навистина сме среќни што сега македонските граѓани можат да летаат до толку многу дестинации од скопскиот аеродром. Визер започна со Лондон и Венеција, потоа отворија база во Македонија и воведоа шест нови линии, како и најновите дестинации - Стокхолм и Гетеборг. Очигледно Визер се задоволни со услугите на аеродромот „Александар Велики" во Скопје и ние со задоволство ќе продолжиме да ги опслужуваме и Визер и нашите драги патници во 2013 година и понатаму", додаде тој

До Гетеборг ќе се лета секој понеделник и петок во 17.20 часот, со воздухоплов од типот Airbus A320 и времетраењето на летот е 3 часа и 5 минути.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik